Перез со емотивно писмо до Зидан пред неговиот прв специјален јубилеј како тренер на Реал

Дерби

13/10/2017

11:45

450

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан на утрешниот натпревар против малиот градски ривал Хетафе ќе одбележи еден навистина убав јубилеј како тренер на Реал Мадрид, бидјќи истиот за него ќе биде 100-ти меч од клупата како предводник на актуелниот европски шампион.

За неполни 2 години на клупата на „кралскиот клуб“, Зидан успеа да биде поуспешен и од ерата кога беше фудбалер, а најдобра отслика за тоа се двете титули во Лигата на шампионите кои ги освои едноподруго во Милано и Глазгов.

Токму поради убавиот јубилеј против Хетафе, ова утро пристигна емотивна порака до Зидан од страна на најважниот човек во Реал, претседателот Флорентино Перез кој му напиша писмо на својот миленик кој всушност тој го доведе на „Бернабеу“ во 2001 година.

– Историјата и легендата на Реал Мадрид е испишана со уникатни достигнувања, со една публика која секогаш добро ги познава вредностите на институцијата и со големи фудбалски имиња кои го доведоа грбот на овој клуб до гигантски размери. Зинедин Зидан кој утре ќе ги оствари своите први 100 натпревари како тренер на нашиот тим, спаѓа во оваа неверојатна група на луѓе кои се издвоени да бидат наши симболи. Ја имав привилегијата во 2001 година да го доведам Зидан во клубот на неговиот живот, Реал Мадрид. Откако сум претседател, постојано бев убеден дека Зидан едноставно мора да биде со нас. И, многу години подоцна откако тој веќе не е активен како играч, луѓето ме застануваат по улиците и ми заблагодаруваат за тоа што го купив и што можеа да уживаат во неговата магија и неговиот талент. Невозможниот волеј во Глазгов проти Леверкузен е најдобра отслика за тоа како тој успеа да промени дел од историјата на Реал, – вели Флорентино во своето емотивно писмо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг