Фјури планира три борби во 2018 година

Макфакс

13/10/2017

11:41

183

Големина на фонт

а а а

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, изјавил дека е подготвен за првата борба во април 2018 година и дека потоа планира уште две борби.

Фјури (29) пред две години го победи Владимир Кличко и ги освои шампионските појаси во верзиите на ВБО, ВБА, ИБф и ИБО, но потоа неговата кариера тргна по надолна линија.

Од победата над славниот Украинец во ноември 2015 година Фјури немаше ниту една борба, а двапати го одложуваше реваншот со Кличко. Тој призна дека користел кокаин и дека е депресивен поради што беше суспендиран од Британската боксерска федерација, а потоа му беше одземена и боксерската лиценца.

„Бидете подготвени за борба во април 2018 година. По одличната борба, биде подготвени за уште една во јули или август и потоа уште една кон крајот на годината“, порачал Фјури на својот налог на „Твитер“.

Кралот на Циганите, како што го нарекуваат Фјури, во својата професионална кариера има забележано 25 победи, од кои 18 се со нокаут.



Спонзорирани линкови

Маркетинг