Сибирски сообраќаен полицаец дал отказ за да биде “месија”

Точка

13/10/2017

11:41

1.643

Големина на фонт

а а а

Сергеј Тороп кој живее во Сибир дал отказ од својата работа бидејќи бил уверен дека е реинкарнација на Исус Христос.

Тој пуштил коса и брада, носи сандали преку чорапи и бел плашт. Сергеј ја основал Црквата на последниот тестамент. Поранешниот војник на Црвената армија кој тврди дека повторно се родил во 1991 година (има 56 години), а сега е духовен водач со најмалку 5 илјади лица кои го следат и живеат со него во селото Петропавловка. 


Тие се откажале од својот живот со цел да го следат, вегани се и забрането им е пушење, алкохол и пари. Околу 300 луѓе живеат во дрвени колиби во селото кое се наоѓа околу црквата.

Илјадници луѓе се доселиле близу ова место со цел да бидат поблиску до месијата. Знакот за молитва е големо ѕвоно кои ѕвони три пати дневно. Тогаш верниците клекнуваат на колена и се молат. Сергеј ги поминува своите денови, сликајќи во планинската колиба во која живее со жената и шесте деца, од кои едното е посвоено.


“Имаме школа за благородни девојки коja ги припрема девојките да бидат идни сопруги и жени на достојни мажи. Тие мора да разберат дека не смеат да се издигнуваат над мажите и да не бидат горди на својата независност, туку да бидат срамежливи, немерливи и слаби”, вели еден од членовите на култот.

Откако го поминал своето време во армијата, Сергеј работел како сообраќаен полицаец во ноќни смени. Како што вели тој, нешто се разбудило во него и знаел дека е реинкарнација на Христос. Тороп истакнува дека Бог го пратил на Земјата да го подучи човештвото за злобните војни и хаосот кој се прави со животната средина.


Времето во оваа црква се мери по неговите години, па сега тие живеат во 57-ма година. Во текот на последните години, Сергеј патувал во Франција, Италија и Холандија со цел да придобие нови следбеници.




Спонозорирани линкови

Маркетинг