Дали Шпанија ќе пројде како Југославија? Медиумите тврдат: Каталонија сака независност по моделот на Словенија

Точка

13/10/2017

11:26

1.779

Големина на фонт

а а а

Француската агенција "AFP" пишува дека Словенија се споменува како модел за напорите на Каталонија да се одвои од Шпанија, потсетувајќи дека Словенија станала независна држава во 1991. година во крвавиот распад на Југославија.

Агенцијата хронолошки го објаснила патот на Словенија од референдумот во декември 1990. година, до јуни 1991. година, кога оваа држава, сегашна членка на ЕУ, прогласила независност. 

AFP наведува дека голем број на граѓани и словенечките медиуми го поддржале отцепувањето на Каталонија, пренесувајќи ги и зборовите на претседателот Борут Пахор. 

"Срцата на многу Словенци чукаат за народот во Каталонија", рекол актуелниот претседател на Словенија, кој е кандидат на претстојните претседателски избори закажани за 22. октомври. 


Според зборовите на првиот министер за надворешни работи на независна словенија, Димитри Рупел, таа држава од источна Европа, која се граничи со Австрија, Италија и останатите искористила "многу пригоден момент". 

"Ние независноста ја добивме на сред "пролетната олуја" во Европа но, ако повеќе ви се допаѓа, на сред југословенската криза и кризата на СССР кон крајот на Студената војна", рекол Рупел за AFP

Агенцијата наведува дека Словенија, како и Каталонија, имала силна економија, како и поголем степен на автономија во рамките на поранешната заедничка држава. 

Словенија, како што рекол Рупел, излегувала полека. 


"Одржавме референдум кој никој не се обиде да го спречи, го направивме на мир, а потоа чекавме шест месеци за да прогласиме независност. Вкупно, минаа девет месеци од референдумот до крајот на кризата. Процесот за меѓународно признавање беше продолжен до пролетта 1992. година", истакнал Рупел. 

Меѓутоа, како што се наведува, многу поважно било посредувањето на Европската унија и тримесечниот период на транзиција. 

За Шпанија и Каталонија, таквиот период би можел да овозможи "сите непријателства и закани да бидат отстранети за да бидат можни преговорите", смета Рупел. 

"ЕУ би требало да постави рамки за таков дијалог, а пото аби можеле да им помогнеме со своето искуство", додал тој. 


Официјално, владата на Словенија повикала на мирно решение на каталонската криза, наведувајќи дека тоа е внатрешно прашање, но дека некои водечки политичари отворено ги изнеле своите симпатии, потсетува агенцијата. 

"Како претседател морам да бидам свесен дека мојата позиција би можела да биде сфатена како мешање во домашната политика на други држави. Но, можам да кажам ние сме Словенци и свесни сме дека независноста ја добивме преку самоопределување и дека другите луѓето имаат право на тоа", рекол словенечкиот претседател Пахор.



Спонозорирани линкови

Маркетинг