Полицијата пронашла остатоци од тело на жена, хеликоптери го бараат ѕверот кој сее смрт: Најбаран убиец во Австралија е - крокодил

Точка

13/10/2017

10:50

1.946

Големина на фонт

а а а

Полицијата го пронашла стапот за одење на жената и нејзината облека. Крокодилите-убијци често се фаќаат во близина на местото на нападот.

Полицијата во северна Австралија од вчера трага по крокодилот кој, како што се верува, убил постара жена. 

Остатоците за кои се верува дека и припаѓаат на 79-годишната Ен Камерон биле пронајдени вчера, два дена откако жената излегла од старечкиот дом во Порт Даглас во државата Квинсленд, сооптшила утрово полицијата.

На тоа место, на околу два километри од домот, пронајдени биле нејзиниот стап за одење и нејзината облека.

Полицијата чека извештај од судскиот лекар, но соопштила дека е многу веројатно да станува збор за посмртните останки на Камерон, со оглед на тоа дека во околината не било пријавено друго исчезнување.

Ренџерите поставиле замка околу местото на кое биле пронајдени човековите остатоци, а во потрагата по крокодилот се вклучени и хеликоптери.

Крокодилите-убијци често се фаќаат во близина на местото на нападот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг