Како во научно-фантастичните филмови: Руските војници добиваат часовници отпорни на нуклеарна експлозија

Точка

13/10/2017

12:25

2.814

Големина на фонт

а а а

Часовникот кој што може да работи дури и во услови на електронско војување и електромагнетни импулси кои што настануваат после нуклеарна експлозија, ќе биде дел од руската воена опрема „Ратник“.

Часовникот е опремен со механиам за самонавивање, брзо и точно го одредува времето во сложени климатски услови (од -40 до +50 Целзиусови степени). Часовникот има и модификација со која што е водоотпорен, а вкупната тежина не е поголема од 100 грама, додека пак работниот век е околу 10 години.

„Ако војникот биде изложен на електромагнетски удар на атомска бомба, часовникот ќе продолжи да работи“, вели Олег Фаустов, главниот конструктор за системот за одржување на воена опрема при Централниот научен институт за прецизно машинство.


Претходно, генералниот директор на институтот, Димитриј Семизоров им откри на новинарите дека воената опрема „Ратник“ успешно ја поминала борбената експлоатација во Сирија каде што во целиот период, не се расипал ниту еден заштитен елемент.

Сериската испорака на опремата „војник на иднината“ од втората генерација - „Ратник“, започна во 2017-та година. Нејзиниот комплет вклучува современо оружје, ефикасни комплети за заштита, извидничка и комуникациска опрема со околу 10 различни подсистеми.


Тој е предвиден за војување во најразлични климатски услови, во било кое време. Моментално се во тек научно-истражувачки подесувања на борбената опрема од третата генерација („Ратник 3“).

Како што пренесуваат руските медиуми, во најновата генерација ќе биде вклучен и шлем со интегриран систем на контрола, борбен егзоскелет, против-мински системи и други елементи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг