Каков тип на халуцинации постојат и што ги предизвикува?

Точка

13/10/2017

01:25

1.828

Големина на фонт

а а а

Халуцинациите се сериозен показател за менталното здравје на една личност, а можат да бидат и симптоми за Паркинсова или Алцхајмерова болест, шизофренија како и тумор на мозокот. Гледањето работи, мирис и слушање звуци кои не постојат во реалноста се дел од халуцинациите.

Кои типови на халуцинации постојат? 

Работи кои не се реални - ова е визуелна халуцинација, може да трае само неколку секунди, а може да трае и со часови.

Звуци кои другите не ги слушаат - аудитивна халуцинација се случува кога човек слуша звук кој може да доаѓа од околината или од неговата глава.

Мирис кој само вие го чувствувате - олфакторна халуцинација е кога човекот ќе почувствува мирис кој тој верува дека доаѓа од негова близина или од него, а не постои извор на тој мирис.

Чуден вкус во устата - оваа халуцинација се појавува кога храната има чуден вкус за тој човек.

Чувствувате нешто што нема - најдобар пример за тактилната халуцинација е кога човек чувствува дека некој го следи, а нема никој во близнина


Халуцинација се појавува доколку боледувате од шизофренија, Паркинсова болест, Алцхајмерова болест, мигрена, тумор на мозокот, Charles Bonnet sindrom, епилепсија. Доколку имате халуцинации веднаш треба да се обратите кај вашиот лекар. 




Спонозорирани линкови

Маркетинг