Голем удар за агенцијата на Обединетите нации: Само неколку часа после САД, Израел најави напуштање на УНЕСКО

Точка

13/10/2017

10:30

1.325

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху изјави дека Израел се подготвува за напуштање на УНЕСКО, само неколку часа подоцна откако САД најави повлекување од агенцијата на ОН за образование, наука и култура.

Израелскиот премиер ја нарече американската одлука „храбра и морална“, стои во соопштението.

Понатаму, се додава дека Нетанјаху им наложил на луѓето од министерството за надворешни работи на Израел да ги започнат подготовките за постапка за напуштање на УНЕСКО.


Соединетите Американски Држави во четвртокот ја известија агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) дека се повлекуваат од членството, обвинувајќи ја за „против-израелско“ делување.

Уште на почетокот на јули од Вашингтон најавија дека ќе го преиспитаат својот однос кон УНЕСКО после одлуката на оваа организација, јудејскиот град Хеброн на Западниот брег, да го прогласи за палестинско културно богатство и на листата со светски културни богатства.


Израелскиот амбасадор во УНЕСКО, Кармел Шама-Хакоен изјави: „Во последните неколку години УНЕСКО се трансформираше во бизарна организација која го загуби својот професионален пат поради политичките интереси на одредени земји“, јасно потенцирајќи го незадоволството на Тел Авив од одлуките на организацијата.

Неодамна, УНЕСКО усвои резолуција со која се осудува израелската политика во Источен Ерусалим и Појасот Газа, а оваа резолуција предизвика гнев во Израел, по што Бенџамин Нетанјаху порача дека е апсурдна.



Спонозорирани линкови

Маркетинг