Ирак пред граѓанска војна: Курдите тврдат - ирачката армија се подготвува за офанзива

Точка

13/10/2017

09:30

1.340

Големина на фонт

а а а

Ирачките курдски власти тврдат дека ирачкта армија заедно со парамилитарни групи се подготвува за голем напад на позициите на курдските сили во покраината Киркук.

Ирак моментално е буре барут кое што во секој момент може да се запали и да ја втурне државата во крвава граѓанска војна, иако целосно Ирачаните се немаат справено со заканата од Исламската држава.

Курдската регионална влада во Ирак тврди дека ирачките владини сили, заедно со ирачките парамилитарни сили кои што се поддржани од Иран, планираат да изведат „голем напад“ на курдските сили во покраината Киркук на северот на Ирак. Станува збор за покраина во близина на градот Мосул и една од најбогатите со нафта покраини во Ирак.

Непосредно после ваквите тврдења на курдската регионална влада, се огласи и портпаролот на ирачките вооружени сили кој што порача дека никаков воен напад над курдските сили не е планиран.


Како што порачаа од ирачката армија, тие се подготвуваат за понатамошни судири против џихадистите на Исламската држава кои што и натаму имаат влијание посебно во близина на границата со Сирија, на западот од Ирак.

Да потсетиме, тензиите помеѓу курдската регионална влада и ирачката влада со седиште во Багдад значително се зголемија откако ирачките курдски власти организираа референдум на кој што граѓаните на ирачки Курдистан изгласаа отцепување од Ирак и формирање на независна држава на Курдите.


Курдските власти се уште немаат прогласено независност, со оглед на тоа што врз нив се врши голем политички притисок, а отворено пристигнаа закани и од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Сепак, се чини дека е неизбежно едно такво сценарио, исто како што и се можни и судири помеѓу курдските вооружени сили и ирачката армија кои што ќе се борат за контролата над најзначајниот регион во Ирак - покраината Киркук која што е една од најбогатите со нафта области на Блискиот исток.



Спонзорирани линкови

Маркетинг