Севиља, Шпанија е одличен избор за октомвриско патување, погледнете зошто!

Точка

12/10/2017

23:57

2.268

Големина на фонт

а а а

Еден од најживописните градови во Шпанија е Севиља. Легендата за основањето на овој град потекнува од митскиот јунак Херкулес, па неговата статуа може да ја зебележете во центарот на градот, а исто така постои и улица со име Аламеда де Херкулес.

Севиља е совршена персонификација на Шпанија. Тоа е градот во кој постои микс на бои, вкусови и мириси. Убавото време и топлите ветрови во октомври ќе ви ги наполнат ноздрите со прекрасна миризба на портокаловите цветови, па овој месец е идеален за да ја посетите Севиља. 


Градот е познат по коридорите, родното место на Дон Жуан, тапас - традиционалното шпанско јадење како и по луксузната архитектура. Во градот постојат 74 храмови, но катедралата Saint Mary of the See е посебна. Изградена е во периодот меѓу 1401 и 1519 година на местото на некогашна џамија. Висока е 116 метри и широка е 76 метри и е третата најголема катедрала на светот. Веднаш до катедралата се наоѓа и најпознатиот симбол на Севиља, кулата со камбана, Хиралда која  е висока 114 метри.


Севиља е срцето на Андалузија и може да ви понуди страствено фламенко, идеални временски услови и божествена храна. Локалните специјалитети се андалузиски гаспачо, полжави, јагнешки бубрези и шери сос, како и разни морски плодови и риби. Сендвичот Серанито е доста популарен и се смета за омилена брза храна на градот.

Доколку некогаш ја посетите Севиља, ќе сфатите зошто југот на Шпанија е најдобар да се посети во октомври. Има помалку гужви, воздухот е посвеж, а градот ни малку не ја губи романтичната атмосфера.




Спонозорирани линкови

Маркетинг