Исповед на младата пејачка: "Два месеци се дрогирав и пиев. Се случи инцидент и сега сум трезна"

Точка

12/10/2017

22:52

12.823

Големина на фонт

а а а

Ги имала сите предиспозиции да стане уште една ѕвезда на Дизни која "полудела". Таа вели дека деновите ги трошела пиејќи и дрогирајќи се. Еден инцидент бил пресуден за да побара помош и за разлика од своите колешки, со зависноста успешно се изборила.

Црнокосата Деми Ловато има 25 години и нејзината кариера започна глумејќи во филмовите на Дизни. Деми професионално се занимава со глума, музика, свири клавир и виолина од свои 7 години. Деми била дете какво што секој би посакал. Но, во 2010 година ја прекинала својата турнеја поради психички проблеми, самоповредување, биполарност и проблеми со дрога и алкохол.  


Пред да наполни 20 години таа ги поминувала деновите со алкохол и дрога - два месеци постојано.

Подоцна се случил инцидент кој бил доказ дека глумицата го достигнала дното и време било повторно да застане на свои нозе и да се освести за нејзините постапки.


"Пред повеќе од седум години, со приватен авион се враќавме од Перу и удрив еден од моите танчери. Откако се случи тоа сама се пријавив на лекување поради "емотивни и физички пореметувања", признава Деми во новиот документарец "Demi Lovato: Simply Complicated".


Пејачката поминала бурен период од нејзиниот живот, но успеала да се излечи. Сега вели дека живее нов живот, но не сака да заборави на своето минато. Барем ќе биде свесна што се може да се случи ако во животот изгуби контрола.


Поради тоа го снимила и документарецот кој треба да излезе на 17 октомври премиерно на Youtube.

"Пред интервјуто бев многу нервозна. Не знам што ќе помислат луѓето за ова. Но, единствено ми останува да бидам искрена и секогаш ќе се трудам да останам таква", вели Деми и додава дека цели пет години е трезна.




Спонозорирани линкови

Маркетинг