(ВИДЕО) Иванов не ги прими патриотските здруженија, тие го прогласија за кукавица

Макфакс

12/10/2017

22:47

2.336

Големина на фонт

а а а

Здружението на граѓани „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“, МПЗ „Тврдокорни“, Движењето за цивилизациски вредности, „Единствениот пат“ – движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет денеска сакаа да му остават писмено барање на претседателот Ѓорге Иванов за одземање на мандатот на премиерот Зоран Заев.

Дваесетина членови на здруженијата пристигнаа попладнево пред вилата на Иванов на Водно, но добија известување од обезбедувањето дека тој си заминал. Присутните, поради ваквиот чин, го прогласија Иванов за кукавица.

Дваесетина членови на здруженијата денеска одржаа мирен протестен марш од пред канцеларијата на ЕУ, преку „Водњанска“ до вилата на Водно на Иванов. Тие рекоа дека со овој протест сакаат да се чуе гласот на македонскиот народ затоа што, како што рекоа, Македонија била нападната од сите страни – прво со тиранската платформа, па со договорот со Бугарија.

Страшко Олумчев, претседател на Семакедонскиот национален совет „Македониум“, рече дека протестите ќе продолжат и дека повторно ќе се обидат да му ги достават барањата на Иванов.

„Не ме интересира Зоран Заев, не ме интересира Никола Груевски. Мене ме интересира борбата за македонската кауза, за Македонија и за македонскиот народ. Ништо повеќе, ништо помалку“.

На протестот можеа да се видат транспаренти „Каде оди Македонија, каде оди човештвото“.

Здруженијата бараат да му се одземе мандатот на Заев затоа што, како што велат, премиерот работи против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата.



Спонозорирани линкови

Маркетинг