УХМР: Од следната недела уште потопло

Макфакс

12/10/2017

19:48

1.760

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло со умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието, а во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури.

Според најавата од УХМР, утрото ќе биде свежо со утрински температури кои ќе се движат во интервалот од 0 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 4 до 25 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Исклучок ќе има в сабота кога ќе биде малку до умерено облачно и повремено ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури.



Спонзорирани линкови

Маркетинг