Ураганот Офелија и' се заканува на Европа

Макфакс

12/10/2017

22:47

2.812

Големина на фонт

а а а

Офелија е десетти по ред ураган кој оваа сезона се формираше над Атлантикот. Офелија, која отпрвин беше тропска бура, денеска се засили во ураган од прва категорија, јавија британските медиуми.

Метеоролозите предупредуваат дека ураганот следната недела би можел да стигне до западниот дел на Велика Британија.

Најсилен удар на ураганот се очекува во северните и западните делови на Велика Британија, а брзината на ветерот би можела да достигне 130 километри на час.

Офелија би можел да остане во прва категорија до недела, кога ќе помине западно од Португалија и во понеделник ќе почне да се движи кон Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг