Нова модна ера: Gucci се збогува со уотребата на крзно

Точка

12/10/2017

17:08

866

Големина на фонт

а а а

Директорот на модната куќа Gucci, Марко Бизари, му соопшти на јавноста дека нивната модна куќа повеќе нема да употребува, промовира и рекламира животинско крзно. Организацијата "The Humane Society", која ги поддржува модните куќи кои не употребуваат крзно, со задоволство ја објави оваа вест за која се вели дека ќе се реализира со колекцијата пролет - лето 2018.

Соопштението пристигнало од директорот на познатата модна куќа, Марко Бизари.  

"Една од вистинските вредности е општествената одговорност и ние ќе продолжиме да се бориме за подобра животна средина и животни. Gucci со нетрпение очекува да го направи следниот чекор, па се надеваме дека оваа постапка ќе ги инспирира и останатите да направат иновација и ќе им се подигне свеста така што ќе ја променат луксузната модна индустрија на подобро", вели Марко.


Оваа одлука е резултат на долгогодишната соработка со организацијата HSUS и LAV кои се членки на асоцијацијата "Fur Free" која е меѓународна коалиција и брои повеќе од 40 организации за заштита на животните кои заедно работат да ја отстранат трговијата на крзно.


Gucci во соопштението наведува дека останатите производи од крзно ќе ги продава на аукција, а приходот ќе биде наменет за организациите за заштита на животни.


"Со оваа објава Gucci ќе помогне останатите модни куќи да го променат начинот на кој ги доживуваат животните. Бројот на нови, етички освестени потрошувачи расте. Тие сакаат иновации и ги почитуваат општествените одговорности, па повеќе не сакаат да носат застарени модели како крзното", вели менаџерот за мода при организацијата "HSUS", П.Ј. Смит.






Спонозорирани линкови

Маркетинг