Трамп ги изгубил нервите: "Ги мразам сите во Белата куќа"

Точка

12/10/2017

18:42

2.367

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп е се полошо расположен кон своите соработници, пишуваат американските медиуми. Тој наводно рекол дека ги мрази сите во Белата куќа.

Како што пишува "Vanity Fair", два извора рекле дека Трамп на шефот за безбедноста во Белата куќа, Кит Шилер, му рекол: "Ги мразам сите во Белата куќа. Има неколку исклучоци, но ги мразам". 

Весникот разговарал со неколку истакнати Републиканци и советници на Трамп, и сите тие рекле дека Белата куќа е во криза бидејќи советниците се борат да го смират претседателот, кој изгледа се повеќе тоне во мрачно расположение и се помалку е фокусиран на својата работа. 


Од Белата куќа, секако, негирале дека Трамп рекол нешто такво. 

Фактот дека Трамп се повеќе и повеќе се расправа со оние кои би требало да му бидат главни соработници. 

Пишувањето на "Vanity Fair" уследило по една јавна расправија на Трамп со Републиканците. Овој пат се судрил со Боб Коркер, сенатарот кој рекол дека Трамп ќе предизвика Трета светска војна и ја споредил Белата куќа со дом за згрижување на постари лица. Трамп на тоа возвратил со зборовите дека Коркер е будала. 


"Јасно е дека интервјуто на Боб Коркер во кој републиканскиот сенатор ја опишал Белата куќа како дом за постари лица и предупредил дека Трамп би можел да ја започне Третата светска војна - е пресвртна точка во мандатот на Трмап: Тој на виделина го изнесе тоа што неодамна на само му го кажуваа луѓето блиски на претседателот - дека е нестабилен и дека губи чекор", рекол новинарот на "Vanity Fair". 

Истовремно е уништен и односот на Доналд Трамп и државниот секретар Рекс Тилерсон, кој претседателот го наводно го нарекол "морон". 

Трамп рекол дека не верува дека Тилерсон го кажал тоа, но му порачал дека треба да ги споредат резултатите од тестовите за интелигенција. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг