Убиената новинарка не е единствена жртва на чудакот од подморницата: Овие траги укажуваат на тоа дека данскиот научник е злосторник од најголемите кошмари

Точка

12/10/2017

17:37

7.367

Големина на фонт

а а а

Истрагата за мистериозната смрт на шведската новинарка Ким Вал на подморницата на данскиот ексцентричен научник Петер Мадсен, се развила во една од најбизарните приказни на нашето време.

Таква приказна не можеле да смилат ниту најголемите мајстори на крими жанрот. 

Откако пред два дена во торба во заливот Коге Беј јужно од Копенхаген, полицијата ја пронашла главата на убиената новинарка и отсечена нога, сложувалката за цела низа други убиства на распарчени жени почнала се ближи до судска разрешница. 

Зад монструозните злосторства веројатно стои ликот на генијалниот иноватор и бизнисмен со крајно патолошки карактерни структури, достојни за улога на главен негативец во филм за Џејмс Бодн. 


46-годишниот Петер Мадсен пловел низ светот со сопствена подморница која самиот ја конструирал, а средствата за изградба ги собрал со краудфандинг кампања. Ким Вал пред два месеци, како ексцентрична и медиумски интересна фигура, дошла да му прави интервју во подморницата, за потоа да исчезне. 

Мадсен најпрво се држел до приказната дека новинарката по интервјуто ја истоварил на копно, но набрзо нејзиното торзо било пронајдено како плови по морето. Подморницата "Наутилус" данскиот бизнисмен и визионер во меѓувреме ја потопил, тврдејќи дека потонала поради технички дефекти, меѓутоа, се верува дека тоа го направил за да ги сокрие трагите од злосторството. 

Другата верзија на неговата одбрана гласела дека Ким Вал настрадала во несреќа на подморницата, кога поклопецот ја удрил во глава, па тој нејзиното тело потоа го фрлил во морето. 


Меѓутоа, не дал никакво објаснување на прашањето како телото на новинарката останало без глава и екстремитети. Подоцна, кога било утврдено дека телото било сечено со остри сечива, а новинарката има дури 14 убодни рани по абдоменот и гениталиите, Мадсен конечно бил обвинет за убиство и злоставување на лешот. 

ДНК на жртвата била пронајдена на многу делови од телото на угледниот бизнисмен, вклучувајќи и гребаници по вратот и лицето. Но, тоа било само почеток на драмата. 

Инспекторите, кога ја пребарувале потонатата подморница, откриле снимки на лап топот на Мадсен кои прикажуваат мачење и распарчување на други жени. 


"Мислиме дека тоа се снимки од вистински убиства", изјавил обвинителот Јакуб Бук-Јепсен. Мадсен се брани со тоа дека тој лап топ не му припаѓал само нему, и дека го користеле и други луѓе. 

Биографот на Мадсен подоцна ја лансирал приказната дека тој бил вклучен во сексуално експериментирање, и покрај тоа што веќе бил во љубовна врска. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг