Изненадување од Италија: Ламборџини наскоро ќе претстави лимузина?

Точка

12/10/2017

19:10

2.400

Големина на фонт

а а а

Италијански Ламборџини работи на нов модел со четири врати кој што би требало да биде претставен во 2021-ва година, пренесува "Autocar".

Новиот модел е дел од планот на првиот човек на италијанската компанија, Стефано Доменикали за одржлив раст на Ламборџини, после претставувањето на SUV моделот Урус.

"Autocar" пренесува дека првата лимузина на италијанскиот производител на супер-автомобили ќе има мотор сместен во предниот дел од автомобилот, четири врата и место за четворица патници.


Сепак, неодамна комерцијалниот директор на Ламборџини, Федерико Фоскини, даде помалку двосмислен одговор на прашањето за можноста за производство на нова линија на модели.

„Мораме да бидеме скромни. Урус е во предпроизводна фаза и иако целта е удвојување на количината на продадени примероци за неколку години, мораме да го заслужиме тоа. Но, секако дека секогаш треба да настојуваме да растеме. Ако со Урус можеме да го направиме првиот чекор - огромен чекор, тогаш постојат и други можности“, изјави Фоскини.


Ламборџини е позната компанија по егзотичните супер-автомобили со две седишта и мотор сместен во задниот дел од автомобилот и во својата историја италијанската компанија досега немала во понудата класичен седан со четири врати, ако не го сметаме теренецот "LM002".

Нивниот модел "Espada" од 60-тите години бил конвертиран во верзија со четири врати, но без поддршка од компанијата. Ламборџини исто така во 2008-ма година ја претстави лимузината "Estoque", но само како концепт.



Спонозорирани линкови

Маркетинг