Ако навистина дојде до војна, шансите им се премали: Колку навистина Северна Кореја може да издржи во војна против САД?

Точка

12/10/2017

16:23

7.891

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја и САД веќе подолго време се во вербална војна, а секој иден неочекуван потег на една од двете страни може да ескалира во нешто многу пострашно од размена на зборови.

Аналитичарите започнаа да прават„пресметки“ околу тоа колку севернокорејската народна армија би можела да издржи доколку навистина дојде до воен судир помеѓу Северна Кореја и САД.

Како што пренесува британски "Express", севернокорејската воена машинерија би можела да издржи најмногу три седмици доколку влезе во отворена војна со САД. Пјонгјанг под своја команда има околу 6 милиони војници подготвени за војна, но според експертите, тие не можат да војуваат долго.

Сепак, сите се согласуваат околу една работа - лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп упатуваат меѓусебни закани, па доколку не престанат со тоа, можно е да избие војна.


И покрај сите санкции и меѓународни осуди, Пјонгјанг нема намера да се откаже од својата програма за развивање на нуклеарно оружје и својата ракетна програма, а севернокорејските власти во неколку наврати имаат порачано дека без разлика на тоа какви санкции ќе бидат воведени, Пјонгјанг нема да разговара за својата нуклеарна програма со трети земји.

Брус Бехтол, професор од универзитетот во Тексас и поранешен аналитичар на Пентагон за Североисточна Азија, тврди дека во случај на војна, севернокорејската војска за многу кратко време ќе остане без залихи.

„Севернокорејците имаат залихи за две до три седмици - муниција, храна и гориво за војна. Тоа е се што имаат. Значи, нивниот воен план е за најкратко можно време да ги остварат целите, затоа што после тоа, ќе живеат буквално од тоа што ќе го најдат на земјата“, изјави Бехтол.


Кога американската армија и американското оружје ќе започнат веќе да пристигнуваат на Корејскиот полуостров, севернокорејската војска веќе ќе започне да се распаѓа поради недостатокот на основните залихи, тврди професорот Бехтол.

Тој објаснува дека на американскиот претседател Доналд Трамп ќе му бидат потребни до три седмици да премести значаен дел од тенковите, артилеријата и војската во тој регион.

„Прво што треба да направи е да ја натовари целата воена опрема на бродовите. Тешката артилерија и тенковите се разместени насекаде низ САД и Европа. За нивното преместување ќе биде потребно време“, изјави Брус Бехтол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг