Американците не се откажуваат, но дали и Ердоган мисли така? Напорно работиме Турција да остане наш сојузник

Точка

12/10/2017

15:26

768

Големина на фонт

а а а

Американскиот министер за одбрана порача дека неговата земја напорно работи за Турција да остане ориентирана кон САД, но и против нивните заеднички непријатели.

Американскиот министер за одбрана, Џим Матис, изјави дека воените односи помеѓу Соединетите Американски Држави и Турција не се погодени со актуелните дипломатски тензии кои што владеат помеѓу Анкара и Вашингтон. Исто така, тој порача дека САД ќе продолжи блиску да соработува со турските колеги.

„Турција е земја членка на НАТО и ние ќе вложиме голем труд да остане ориентирана кон нас, а против нашите заеднички непријатели. Односот помеѓу нашата и нивната војска и натаму е многу добар“, порача американскиот министер за одбрана.


Да потсетиме, односите помеѓу САД и Турција деновиве се влошија откако турските власти наредија апсење на еден вработен од американскиот конзулат во Истанбул, кој што инаку е турски државјанин.

Турските власти тврдат дека тој бил поврзан со движењето на Фетулах Ѓулен кој што официјална Анкара смета дека е главен одговорен за државниот удар кој што се случи во Турција пред две години.

Покрај ова, турските власти и натаму им се лути на своите американски колеги затоа што официјален Вашингтон одбива да го екстрадира Фетулах Ѓулен во Турција каде што треба да му се суди за организација на државниот удар.



Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не го криеше незадоволството од политиката на Вашингтон кон сириските курди кои што се главен американски сојузник на Блискиот исток во борбата против Исламската држава. Со оглед на тоа што Турција ги смета за терористи, а САД за нивни сојузници, Ердоган во неколку наврати ги повика Американците да одлучат дали сакаат нивен сојузник да биде Турција, или пак Курдите.


Сепак, јасно е дека и натаму најважна работа, и покрај големите разлики во одредени прашања помеѓу Вашингтон и Анкара, стратешкото НАТО партнерство помеѓу двете земји и натаму е нераскинливо, а последната изјава на Матис е најдобар доказ за тоа.



Спонозорирани линкови

Маркетинг