Алесандра Амбросио и Адриана Лима повторно заблескаа во кампањата "Obsessed" на Victoria Secret промовирајќи секси долна облека

Точка

12/10/2017

14:32

2.591

Големина на фонт

а а а

Тие не се залудно едни од најубавите жени на светот кои и на 36 години се на чело на светската модна индустрија. Долгогодишните ангели на Викторија Сикрет, Адриана Лима и Алесандра Амбросио повторно заблескаа во новата кампања за долна облека "Obsessed".

Најголемите ѕвезди на Викторија Сикрет во новата фотосесија позираат во извонредна секси долна облека. Долгогодишните ангели на Викторија Сикрет речиси секоја година се појавуваат на нивната годишна ревија, па така и оваа година во Шангај, Кина ќе се појават со крилја на нив.


За оваа година Лима беше прогласена за нјавлијателниот ангел на Викторија Сикрет. И покрај тоа што се претпоставува дека на овогодинешната ревија ќе се збогува со престижната титула, се верува дека сепак ќе продолжи да соработува со познатиот бренд. 


Атрактивните бразилки кои и двете имаат по 36 години се сè уште број еден манакенки во светот и покрај тоа што се мајки на две деца. После пороѓаите тие веднаш се вратиле во форма и бременоста не оставила никаква последица на нивното тело.


Погледнете дел од новите фотографии за кампањата за долна облека "Obsessed".






Спонозорирани линкови

Маркетинг