Диандра Форест е првиот модел со албинизам кој стана заштитно лице на козметички бренд

Точка

12/10/2017

14:02

679

Големина на фонт

а а а

Козметичката компанија Wet'n'Wild за својата нова капмања ја ангажирале Диандра Форест, манакенката со албинизам. Назначувајќи ја за главно лице во новата рекламна капмања, Диандра е првата манакенка со албинизам која се појавува во козметичката кампања на светски познат бренд за убавина.

Албинизмот е биолошко наследување кое се карактеризира со недостаток на пигмент на кожата и која може да се појави на едно лице од 18.000 до 20.000 луѓе во САД. На многу од нив им претставува тешкотија да си најдат соодветни нијанси на шминки.

"Секогаш се прашував дали некој козметички бренд има пудри со мојата нијанса на боја и дали таа ќе изгледа како што треба? Секогаш требаше да ги измешам нијансите бидејќи или беа премногу темни или премногу светли", вели Диандра за Refinery 29.

Диандра веќе имала шанса да прошета по пистата за модниот викенд во Њујорк, а се има појавено и на насловната страна на магазинот Ebony.


Овој потег е голем чекор напред за Диандра бидејќи покажува дека убавината нема гранца без разлика како изгледа еден човек. Тоа што е уште повозбудливо е дека овие производи ќе се продаваат по цена пониска од 10 долари и ќе бидат достапни во најголемите светски продавници.

Форест за Huffington Post изјавила дека нејзината цел е да направи индустријата за убавина да биде повеќе инклузивна, односно недискриминаторска.


"Да се биде дел од кампањата на Wet'n'Wild е навистина остварување на мојот сон. Мојата мисија е да се редефинираат стандардите за убавина и да му се даде можност на светот повеќе да се запознае со албинизмот. Да се биде заштитно лице на голема козметичка компанија конечно покажува дека убавината нема граници", вели Диандра.




Спонозорирани линкови

Маркетинг