"Ме запраша дали спијам со други жени, а потоа побара...", Кара Делавин е новата жртва на Харви Вајнштајн

Точка

12/10/2017

13:19

5.216

Големина на фонт

а а а

Манакенката и глумица Кара Делавин е уште една жртва на сексуалното насилство од страна на Харви Вајнштајн. После долго размислување и младата Кара се одлучила јавно да прозбори за инцидентот. Таа споделила на Инстаграм неколку детали од средбите со холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн.

"Кога започнав да се занимавам со глума, добив повик од Вајнштајн. Неговото прво прашање беше дали спијам со жените со кои ме гледала јавноста. Тоа беше многу чуден и одвратен разговор. Не му одговорив на ниту едно прашање. Побрзав со разговорт бидејќи сакав да го завршам овој повик, но тој ми рече дека никогаш нема да добијам улога како "стрејт" жена ако изградам слика за жена која спие со други жени. Ми потенцираше дека нема ни да успеам како глумица. Две години подоцна се сретнав со Вајнштајн и уште еден режисер со кој требаше да работам на еден проект. Режисерот си замина, Вајнштајн остана со мене и сакаше да поразговараме", вели Кара. 


Таа кажува дека кога останале сами, тој започнал да се зборува за тоа со колку глумици имал спиено и на кој се им направил кариера. Продуцентот зборувал за многу грди и сексуални работи. "Ме повика во неговата соба, но јас одбив. Побарав да ми го донесат автомобилот пред хотелот, но мојот асистент ми рече дека ќе треба малку да почекам. Кога Вајнштајн го слушна тоа, инсистираше да одиме во неговата соба". Глумицата кажува дека во тој момент се почувствувала многу неспособно и беспомошно, но не сакала тоа да го искаже бидејќи потајно верувала дека погрешно ја сфаќа ситуацијата.

"Се качивме во неговата сова. Во собата веќе имаше една жена и веднаш се смирив. Тој побара од нас да се бакнуваме и таа започна да ми се приближува. Подскокнав и го прашав дали има слушнато дека знам и да пеам. Почнав да пеам. Сакав да ја направам оваа ситуација малку професионална, исто како да сум на аудиција. Повторно напоменав дека морам да одам. Тој ме испрати до вратата и проба да ме бакне. Некако се извлеков и го спречив. Но, добив и филмска улога. Сè уште се каам што ја прифатив таа улога, бидејќи сигурно ја добив поради ситуацијата во која се најдов, се чувствувам грозно".


Кара Делавин долго размислувала дали да ја открие оваа случка во јавноста, но не сакала да ја повреди неговата фамилија. Истовремено била згрозена од фактот дека вакви ужасни работи им се случуваат на жените и дека сите молчеле од страв.



Спонозорирани линкови

Маркетинг