Дачиќ: Дипломатските односи Скопје – Белград сега се добри

Макфакс

12/10/2017

12:46

214

Големина на фонт

а а а

„Односите меѓу Скопје и Белград сега се добри“, рече во кратка изјава српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, на прашање на „Макфакс“ како ги оценува дипломатските односи меѓу двете држави по дипломатскиот скандал пред 1 и пол месец, во кој што беше повлечен целокупниот дипломатски персонал од српската амбасада во Скопје.

„Нема никакви нови елементи за ова прашање“, изјави Дачиќ, по говорот на „Белградскиот безбедносен форум“ кој овие денови се одржува во главниот град на Србија.

Дачиќ, 20-тина минути одговараше на многубројните новинарски прашања, кои беа поссветени на внатрешнополитичките односи на Србија, и надворешната политика.



Спонозорирани линкови

Маркетинг