Натпис кој го запали Интернетот: Еминем и колегите со дуксери на македонски јазик

Точка

12/10/2017

13:46

23.561

Големина на фонт

а а а

Популарниот рапер Еминем сними спот во кој го критикува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата политика, а еден детаљ особено се истакнува во новото видео.

Во видеото во кое Еминем рапува опкружен со група на рапери го привлече вниманието на јавноста поради еден специфичен детаљ. 

Раперите кои го придружуваат Еминем – Вест Сајд Ган и Конвеј се дел од продуцентската куќа “Griselda Records”, додека пак Шејди Рекордс која ја води Еминем стана нивни заштитник и главен издавач. Во дел на спотот, се гледа како раперите стојат во дуксери со натпис “семоќниот”, напишани на македонски јазик.

Дуксерите и маичките со слоганот „семоќниот“ се дел од колекцијата “The Almighty” која се продава преку веб-шопот на “Griselda” и на која фановите можат да ја изразат својата поддршка за раперите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг