Се одложува премиерата на моќниот електричен камион: “Тој не ни претставува приоритет”

Точка

12/10/2017

11:02

1.121

Големина на фонт

а а а

Долгоочекуваната премиера којашто беше закажана за 26-ти октомври, поместена е за 16-ти ноември...

Како што објави на друштвената мрежа Twitter првиот човек на компанијата Tesla Motors, Илон Маск, до ваквото одложување на премиерата доаѓа како во компанијата би се насочиле кон зголеменото производство на новиот Model 3, којшто се' уште не го има достигнато планираното ниво, но и поради изградбата на батериите за потребите за жителите на Порторико и останатите подрачја коишто неодамна беа погодени од разурнувачки урагани.

Се очекува дека камионот на струја под логото на Tesla ќе има автономија во возењето помеѓу 320 и 480 километри, и дека ќе биде наменет пред се' за покуси релации, односно за регионален транспорт на терет, на дистанци помеѓу 160 и 320 километри, кој претставува околу 30 отсто од вкупниот камионски сообраќај во САД.

Инаку, Tesla Motors уште во месец август соопшти дека тестира системи за автономно возење на својот електричен камион, во Невада и Калифорнија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг