„Тврдокорни“ денеска на протест, бараат одземање на мандатот на Зоран Заев

Макфакс

12/10/2017

09:36

5.582

Големина на фонт

а а а

Партиотското здружение „Тврдокорни“ утрово повика на протест кој ќе се одржи попладне пред вилата на Претседателот на Република Македонија. „Тврдокорни“ бараат одземање на мандатот на премиерот Зоран Заев.

„Македонските носители и бранители на државниот суверенитет имаат барање за одземање на мандатот на З.З.- СДС, поради непридржување кон дадените гаранции и работењето против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата. Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и државата,од сите дејства со кои земјата/државата (Р.Македонија) и Македонскиот народ се ставаат под директна мирна окупација, стои во соопштението од „Тврдокорни“.

Мирниот протестен марш ќе започне во 17.00 часот, пред Канцеларијата на Делегацијата на Европската унија на булеварот „Св. Кирил и Методиј“, каде „Тврдокорни“ ќе се обратат до ЕУ и НАТО со 12 протестни барања и ќе им предадат дел од протестните текстови.

Протестниот марш ќе продолжи, по улицата Водњанска, сѐ до Вилата Водно, каде на Претседателот ќе му го предадат протестното барање.

„Истовремено, поради непринципиелните политики кон Р. Македонија, мешањето во внатрешните политики на суверена, независна земја членка во ОН, на соодветен начин ќе се сензибилизира и интернационализира македонското прашање, со запознавање на светската јавност со Вистините за Македонија, и на сите држави, особено оние кои ја признале Р. Македонија под уставното име, од кои ќе бараме поддршка поради наметнатата окупаторска диктатура во Македонија и геноцидните планови против Македонија и Македонскиот народ. Наместо Република Македонија да биде ‘линија на огнот’, Р. Македонија да биде мостот за цивилизирана соработка помеѓу источната и западната цивилизација“, велат „Тврдокорни“.

Организатори на протестот се Здружение на граѓани „Преродба“, Семакедонски национален совет „Македониум“, МПЗ „Тврдокорни“, Движење за цивилизациски вредности и Единствениот пат – Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг