Најпознатата џихадистка е брутално ликвидирана: На „Белата вдовица“ ѝ пресудил борбен авион

Точка

12/10/2017

11:03

7.251

Големина на фонт

а а а

Една од најбараните жени на светот - Сали Џонс која што работеше како регрутер за Исламската држава, речиси сигурно е убиена во воздушен напад на коалициските сили предводени до САД.

46-годишната Британка која што неодамна преминала на Ислам и побегнала од земјата за да им се приклучи на џихадистите на Исламската држава на Блискиот исток, била убиена во воздушен напад во текот на ова лето, тврдат безбедносни извори од американската армија.

„Белата вдовица“ која што го користела исламското име Ум Хусеин, наводно била убиена во близина на границата помеѓу Сирија и Ирак, откако претходно побегнала од таканаречениот Главен град на Калифатот на Исламската држава - сириски Рака.

Покрај неа, во воздушниот напад наводно бил убиен и нејзиниот 12-годишен син кој што го одвела од Велика Британија во Сирија.


Британската државјанка откако се омажила за радикалниот исламист и терорист Џунаид Хусеин, набрзо го примила Исламот, по што заедно со своето дете заминала на Блискиот исток да се бори на страната на Исламската држава, односно да ѝ служи на пропагандната машинерија и да регрутира нови борци.

Покрај Сали Џонс, наводно во 2015-та исто така во воздушен удар, бил убиен и нејзиниот сопруг Хусеин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг