Оваа мала шумска колиба е најбараното сместување на Airbnb

Точка

11/10/2017

14:18

6.198

Големина на фонт

а а а

Најпопуларното сместување според изборот на познатиот сајт за издавање на соби и станови ширум светот – Airbnb е една необична колиба која е сместена длабоко во шума.

Сместена во шумските длабочини во Атланта, оваа прекрасна скриена колиба им пружа на гостите потполна интима. 


Меѓутоа, таа не е многу оддалечена од самиот град, па затоа на гостите им овозможува пријатен одмор во речиси недопрената природа, а притоа доколку тоа им е потребно, можат за кратко време да стигнат до центарот на градот.

Колибата се состои од три одвоени дела кои се меѓусебно поврзани со мостчиња.

Првиот дел претставува дневен престој, другиот е спална соба, а третиот дел од “комплексот” претставува отворена тераса опкружена со густо зеленило на кое се наоѓа и лежалка за потполно уживање во амбиентот.

Цената на сместувањето во овој шумски рај не е воопшто ниска, а истата изнесува 390 долари од ноќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг