Lenovo го прославува роденденот на лаптопот ThinkPad со специјален модел

Точка

09/10/2017

18:30

545

Големина на фонт

а а а

Кинеската компанија Lenovo пласираше на пазарот специјална, ограничена верзија на лаптопот ThinkPad по повод 25 години од неговото „раѓање“.

Lenovo започна да го продава својот прв ThinkPad 700C лаптоп на 5-ти октомври 1992-ра година. На 25-тиот роденден на овој лаптоп компанијата одлучи да го претстави специјалниот модел кој што наречен ThinkPad T470 кој пристигнува и со „посебна“ цена - 1,899 долари.

ThinkPad Anniversary Edition 25 е модерна верзија комбинирана со класичниот дизајн и поседува ретро детали како што е осветлената ThinkPad Classic тастатура со седум редови копчиња, копче за контрола на јачината на звукот, бројни LED сијалички и „обоено“ лого.


Ограничената верзија на ThinkPad Anniversary Edition 25 има 14-инчен Full HD екран, Intel Core i7-7500U и Nvidia GeForce 940MX графичка карта.

Јубилејниот ThinkPad Anniversary Edition 25 работи на оперативниот систем Windows 10, а опремен е и со сензор за читање на отпечатоци на прсти. Исто така, располага со USB-C порт (Thunderbolt 3), читач за microSD картичка, стандардни USB портови, HDMI и секако Ethernet конекција.



Спонозорирани линкови

Маркетинг