После долги години Џенифер Лопез откри со што се борела после разводот со Марк Ентони

Точка

02/10/2017

19:51

17.609

Големина на фонт

а а а

Во 2011 Џенифер Лопез се разведе од Марк Ентони, а крајот на бракот бил доста стресен за пејачката па се појавил и еден проблем.

Нормално е да го имате чувството дека светот се распаѓа и "што после", кога прекинувате долгогодишната врска или брак со партнерот, момент со кој речиси секој човек се соочил и секоја се справува со тоа на различен начин. Една од нив е и атрактивната пејачка Џенифер Лопез, која и покрај тоа што секој маж би ја посакал, се плашела дека до крајот на животот ќе остане сама. 


 "После разводот мислев дека ќе останам сама засекогаш. Мојата утеха ми беа децата. Тие се цел мој свет и нешто најдобро во мојот живот, но да се плашев дека нема да се заљубам повторно, а тоа чувство е навистина лошо", вели Џенифер.


Џенифер и Марк имаат блзинаци, Ема и Макс. Лопез после долго време ја пронајде својата утеха во поранешниот безјбол играч Алекс Родригез, а врската ја опишува како совршена и дека е среќна како никогаш досега. Нејзината претходна врска беше со танчерот Каспер Смарт.






Спонзорирани линкови

Маркетинг