Запознајте го наследникот на Хефнер: Пораснал во Плејбој вилата, а сега е на чело на милионско царство

Точка

29/09/2017

13:35

14.038

Големина на фонт

а а а

Купер Хефнер, најмладиот син на починатиот могул Хју Хефнер, моменталниот креативен директор на Плејбој, е наследникот на својот татко на чело на "Playboy Enterprises", пишува "Time".

26-годишниот Купер би требало да наследи милиони, со оглед на тоа дека вкупното богатство на Хју Хефнер е проценето на 43 милиони долари, а наследници би требало да бидат неговите четири деца, филмското училиште на Универзитетот Јужна Калифорнија и разни хуманитарни организации. 

По смртта на својот татко, Купер објавил трогателен последен поздрав. 

"Мојот татко живееше неверојатен и влијателен живот, како медиумски и културален пионир и глас зад многу значајни општествени и културни движење на нашето време, кои поттикнувале слобода на говорот, човекови права и сексуална слобода. Го дефинираше животниот стил и дух кој лежи во срцето на брендот "Playboy" кој еден од најпреознатливите и најдолготрајни во историјата. 

Ќе им недостасува на многумина, вклучувајќи ја неговата сопруга Кристал, мојата сестра Кристи, моите браќа Дејвид и Марстон, и на сите во "Playboy Enterprises"", напишал на својот профил на Твитер. 

Освен што ќе ја наследи компанијата на својот татко, Купер ги наследил и неговите либерални погледи, иако веќе се посветил на либералниот живот и покрај фактот дека пораснал во Плејбој вилата. Од 2015. година е свршен со актерката Скарлет Бирн, најпозната по улогите во серијалот за Хари Потер. 

Преку својот профил на Инстаграм, Купер често споделува фотографии од својот секојдневен раскошен живот, а не ги крие ни своите политички гледишта. 

"Јас сум либерал и навистина имам проблем со тоа што конзервативците се однесуваат како да поседуваат војска", рекол тој за "Hollywood Reporter" и притоа објаснил дека и тој моментално служи во воените резерви во државата Калифорнија. 


Stopping by our @playboyclubldn in London for a few drinks

A post shared by Cooper Hefner (@cooperbhefner) on

Не покажал склоност ни кон претседателот Трамп. 

"Едноставно не го почитуваме. А, тука е и таа лична непријатност бидејќи се појави на насловната страна на нашето списание", изјавил тој. 

Исто така, од својот татко ја наследил склоноста кон контроверзии, а на почетокот на оваа година рекол дека сака да ја врати голотијата во Плејбој. 

"Тоа е еден од моите приоритети, за тоа што го изгради мојот татко да остане автентично", рекол за New York Post.



Спонзорирани линкови

Маркетинг