Внимателно одбрани фотографии: Личната тренерка покажала како навистина изгледа

Точка

22/09/2017

16:49

2.580

Големина на фонт

а а а

Личната тренерка од Австралија, Мадалин Џорџета секојдневно ги објавува своите фотографии на Инстаграм, на кој има речиси 400 илјади следбеници. Иако е во топ форма, нејзиното тело не е совршено, што токму тоа е пораката на нејзините нови фотографии.

Мадалин, за списанието “Woman’s Health and Fitness” требала да испрати неколку свои фотографии, а одлучила да ги испрати и оние на кои не била горда. 

“Кога настана таа фотографија, ѝ кажав на сестра ми да ја избрише бидејќи е одвратна. Но, заборавивме да ја избришеме. Никогаш не помислив дека ќе ја објавам, но сега која ја гледам во списанието, јас сум горда и среќна бидејќи ме прикажува во вистинско светло. Тоа сум само јас – без уредување и позирање”, вели таа на Инстаграм.

Мадалин истакнува дека ваквите фотографии испраќаат многу важна порака и дека таквите објави на социјалните мрежи можат да им помогнат на милиони жени да ја задржат својата самодоверба.

“Немојте никогаш да заборавите дека фотографиите кои ги гледате се внимателно одбрани, филтрирани и снимени од најдобар агол со осветлување кое прави сè да изгледа најдобро што може. Немојте нечие “совршено” селфи да ви ја разниша самодовербата, бидејќи повеќето луѓе не изгледаат онака како што се претставуваат на Инстаграм”, вели Џорџета.



Спонозорирани линкови

Маркетинг