Наводно ја претепал: Зајачицата од актерот бара милион долари!

Точка

20/09/2017

16:37

7.123

Големина на фонт

а а а

Манекенката Елси Хјуит објавила фотографии по наводното претпеување на кое се гледаат модринки на грбот, рацете и нозете. Додала дека актерот Рајан Филипе бил пијан и дрогиран.

43-годишниот Рајан Филипе наводно ја претепал својата поранешна девојка, 21-годишната Елси Хјуит. 


Според пишувањето на порталот "Radar OnLine", американскиот актер ја нападнал манекенката откако се обидела од станот да ги изнесе своите работи. Парот се скарал, а тогаш, како што тврди Хјуит, тој ја удрил и турнал. 


"Оди си од мојата куќа, лудачо", наводно рекол нервозниот и не баш присебен Филипе. 


Манекенката објавила фотографии по наводното претепување, на кои се гледаат модринки на грбот, рацете и нозете. Додала дека Филипе бил пијан и дрогиран. 


Хјуит се пријавила во полиција, па за претрпените повреди бара милион долари. Воедно го обвинила за користење на кокаин и екстази, но и дека премногу пие. Извори блиски на актерот тврдат дека Хјуит ја предизвикала расправијата... 


Филипе демантирал дека ја истепал, но од полицијата потврдиле дека добиле пријава за насилство и дека случајот се истражува. 


Актерот кој досега немал скандали и се сметал за "добро момче", бил во брак со Рис Витерспун, со која има и две деца. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг