Мадуро: Ако немате леб, јадете зајаци

Макфакс

14/09/2017

13:42

316

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, им порача на своите сонародници да јадат зајаци за да ја преживеат економската војна против империјалистичките сили.

Според неговите зборови, зајаците би можеле да бидат решение за граѓаните што немаат средства за внесување протеини од животинско потекло.

Тоа се случува во моменти кога Венецуела се соочува со глад поради речиси целосната економска изолација по судирот со САД.

Мадуро истакна и дека како експеримент на луѓето им биле поделени зајаци, но тие одбиле да ги јадат, па почнале да ги чуваат како домашни миленичиња, така што неговиот план да ја прехрани нацијата пропаднал.



Спонозорирани линкови

Маркетинг