ЛДП ќе настапи заедно со СДСМ на локалните избори

Макфакс

14/09/2017

13:39

117

Големина на фонт

а а а

Либерално-демократската партија синоќа донесе одлука на наредните локални избори да биде дел од победничката коалиција со СДСМ, соопштуваат од ЛДП.

„На синоќешната седница централниот одбор на ЛДП го прифати договорот за коалициски настап на наредните локални избори со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). На истата седница членовите на Централниот одбор го исклучија од партијата и од сите партиски тела и органи поранешниот претседател Андреј Жерновски, поради преминувањето во СДСМ. На Жерновски, ЦО на ЛДП му посака среќа и успех во натамошната работа, а на СДСМ му посака овој пат да не им се повтори Стевчо Јакимовски“, велат од партијата.

Од ЛДП додаваат дека членовите на ЦО на седницата го избрале и вториот потпретседател на партијата, Игор Вељаноски, кој досега ги извршувал функциите на претседател на градската организација на ЛДП и советник во Советот на Општина Кисела Вода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг