Почна расправата по предлог-законот за употреба на јазиците

Макфакс

14/09/2017

13:38

95

Големина на фонт

а а а

На расправата по предлог-законот за употреба на јзиците пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор уште еднаш посочи дека законот во 90 отсто од членовите е неуставен и излегува од рамките на Рамковниот договор.Тој додава дека законот е предизборен договор на СДСМ и ДУИ, а не во интерес на албанската заедница.

- Законот се носи спроти локалните изброри како барање на ДУИ и уцена од ДУИ на СДСМ, со цел ДУИ да ги покрие сите коруптивни афери, скандали и лошите услови во кои живеат Албанците.СДСМ, за жал, мора да прифати каква било уцена спротивно на Уставот и на интересите на помалите заедници за да ја задржи бројката на тенко парламентарно мнозинство за да го покрие нелегитимитетот на начинот како СДСМ го постави своето владеење – рече Илија Димовски, координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

На Димовски му реплицираше пратеникот на ДУИ, Бранко Манојловски, кој рече дека Законот за јазици е потреба и повика на совесно, а не политичко размислување.

„Јазикот е потреба, Албанците имаат потреба од донесување на законот затоа треба да го решиме ова прашање. Да ја оставиме националната омраза. Ако Македонија не е стабилна поради јазикот, тогаш не треба да постои. Да размислуваме како луѓе, а не како Албанец или Македонец“, порача пратеникот Манојловски.

За пратениците на СДСМ, негирањето на овој предлог-закон е со цел да се добијат дневно-политички поени во пресрет на локалните избори.

„Влегуваме во една дебата која ни е веќе познато во кој правец оди по падот на Груевски.Да не влегуваме во политиканство, да имаме визија каде и како треба да се движи нашата држава во иднина. Политиканството е за ќарување дневни поени. Се направи бабарога од нешто што повеќе не се споменува. Сега се прави бабарога од Законот за јазици, а утре ќе ги плашиме граѓаните со некакви сценарија за раздори и меѓуетничка нетрпеливост.Треба да бидеме одговорни за нашите деца и внуци“, рече пратеникот на СДСМ Петре Шилегов.

Расправата по Законот за унапредување на законот за јазиците не е извесно колку време ќе трае со оглед на големиот број пријавени пратеници за збор, претежно од опозицијата. Инаку, расправата следи откако беше исцрпена комсиската расправа. Предлог-законот е со европско знаме и треба да се донесе по скратена постапка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг