Нова страшна закана од Северна Кореја: Ким сака да ја потопи Јапонија, а за Америка има уште поцрн план!

Точка

14/09/2017

14:16

3.758

Големина на фонт

а а а

Севернокорејската државна агенција се заканила денес дека земјата ќе употреби нуклеарно оружје за да "ја потопи Јапонија и да ја претвори Америка во пепел и мрак" поради поддршката на санкциите на ОН поради последниот нуклеарен тест.

Агенцијата на Пјонгјанг, задолжена за меѓународни односи и пропаганда, "KAPPC", повикала на распуштање на Советот за безбедност на ОН, кој го нарекла "оружје на злото составено од подмитени држави", кои ја следат командата на САД. 

"Повеќе нема потреба Јапонија да постои покрај нас. Четири острови на архипелагот треба да потопиме во морето со нашата нуклеарна бомба", објавила агенцијата "KAAPC". 

Тензиите во регионот пораснале по шестата и најмоќна нуклеарна проба на Северна Кореја на 3. септември. 

Советот за безбедност при ОН едногласно ја потврдил резолуцијата на САД за новите санкции на државата во понеделникот, што предизвикало низа нови закани за уништување на САД, Јапонија и Јужна Кореја. 

"Да го претвориме копното на САД во пепел и мрак. Да им покажеме колку сме моќни со мобилизација на сите средства за одмазда кои досега ги подготвувавме", стои во изјавата на "KAPPC". 

Јапонија остро ги критикувал најновите закани на Северна Кореја. 

"Оваа објава е крајно провокативна и застрашувачка. Ги зголемува тензиите во регионот и е апсолутно неприфатлива", изјавил во четвртокот главниот секретар на јапонската влада, Јошида Суга.



Спонозорирани линкови

Маркетинг