Момче повредено со нож во тепачка во автобус на ЈСП

Макфакс

14/09/2017

13:18

209

Големина на фонт

а а а

18-годишно момче синоќа е повредено со нож во тепачка помеѓу патници во автобусот на Јавното сообраќајно претпријатие, кој сообраќа кон село Бојане.

Инцидентот, според полицијата, се случил вчера околу 19.45 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје, во автобус бр.56 на ЈСП, кој сообраќа на линијата кон село Бојане. Јавниот ред и мир бил нарушен со тепачка меѓу патници во автобусот. Во тепачката бил повреден С.Ф. (18), кој имал исеченица на раката. На него му била пружена итна медицинска помош, по што е пуштен на домашно лекување. Полицијата го привела 20- годишниот Р.Р. од селото Арнакија, кај кого бил пронајден нож. Полициска станица Ѓорче Петров презема мерки за целосно расчистување на настанот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг