Мајка од пеколот: Ги чувала децата во валкани кафези, а кога ги пронашле децата испуштале звуци како змии

Точка

14/09/2017

12:54

4.420

Големина на фонт

а а а

Малиста Нес - Хопкинс од Вирџинија е обвинета дека наводно ги чувала своите деца во кафези.

Против 38-годишната Малиста поднесено е обвинение дека ги злоставувала и занемарувала своите деца, а две од нив, на возраст од 2 и 3 години, ги држела затворени во кафези, кои се отворале исклучиво од надворешна страна. 

Останатите деца биле пронајдени како живеат во ужасни услови во куќа во близина. 


Кејт Бонивел, социјална работничка, детално ја опишала шокантната сцена кога влегла во домот на Малиста на 28. јуни. 


Таа на суд на прелиминарното сослушување рекла дека и биле потребни повеќе од 20 минути да ги ослободи децата од импровизираните кафези. 


Додека ги ослободувала, децата произведувале животински звуци, а кога конечно ја отстранила решетката, децата не знаеле што да прават и се плашеле да излезат.



Спонозорирани линкови

Маркетинг