Рауфи: „Диво Насеље“ е конструкција на функционери од УБК и БЈБ

Макфакс

14/09/2017

12:26

2.777

Големина на фонт

а а а

Ново рочиште денеска се одржа за судскиот процес за случајот „Диво Насеље“, каде што одбраната ги даваше завршните зборови.

Адвокатот Насер Рауфи во завршните зборови за случајот „Диво Насеље“ рече дека целиот случај е конструкција на високи функционери во УБК и БЈБ и поранешен министер за внатрешни работи.

Тој додаде дека за да се докаже невиноста на осудените, потребни се телефонските разговори од СЈО, кои, како што рече, се суштински во обелоденување на вистината.

Судењето за „Диво Насеље“ почна во февруари минатата година. Во овој случај обвинети се 37 лица за тероризам и терористичка организација.

Во немилите настани во Куманово од 9 и 10 мај минатата година загинаа осум полицајци: Жарко Кузмановски од тетовското село Брвеница (32), Сашо Самоиловски од Брвеница (32), Ненад Серафимовски од гостиварското село Зубовце (27), Исамедин Османи од скопско Студеничани (32), Бобан Ивановиќ од скопско Стајковци (47), Горан Илиевски од Гостивар (41), Љубиша Аранѓеловиќ од Скопје (49) и Горан Стојменовиќ од скопско Миладиновци (45). Уште 37 нивни колеги беа ранети со разни степени на повреди.

Во престрелката четириесетина полицајци беа тешко повредени, а убиени беа и десет лица од вооружената група.



Спонозорирани линкови

Маркетинг