Објавен огласот за избор на наследник на Марко Зврлевски

Макфакс

14/09/2017

12:22

59

Големина на фонт

а а а

Собранието го објави денеска огласот за нов јавен обвинител на Македонија со што почнува да тече рокот од 15 дена за поднесување кандидатури до Советот за јавни обвинители.

Обвинител може да биде дипломиран правник кој е граѓанин на Македонија, има положено правосуден испит и со работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи, како и универзитетски професор кој предавал повеќе од десет години некој правен предмет.

Досега своите кандидатури најавија нотарката Лорија Ваневска и адвокатите Звонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Александар Наков и Сејфула Османи.

Ако Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати или Владата не може да избере, по предлог до Собранието ќе се распише нов оглас.



Спонозорирани линкови

Маркетинг