Како да има лепак на нозете: Иско со еден потег им го одзема здивот на сите присутни на „Бернабеу“

Дерби

14/09/2017

12:01

709

Големина на фонт

а а а

Иско Аларкон игра во неверојатна форма во последно време и речиси на секој одигран меч се истакнува со некое бравурозно движење и решение, а интересно, таков беше случајот и синоќа бидејќи после една негова мајсторија тргна акцијата која му донесе водство на Реал против АПОЕЛ.

Иско на нестварен начин ја промени насоката на движење и го остави противничкиот играч во бунило, но уште поневеројатно беше тоа што во ситуацијата изгледаше како да има лепак на ногата бидејќи топката остана во негов посед и покрај брзината со која го изведе потегот.

После ова, Иско ја предаде топката до Бејл, а потоа Кристијано погоди за водство од 1:0. Ова беше дефинитивно најдобриот потег на Иско на мечот, но за одбележувања се и некои други импресивни движења кои можете да ги видите на второто видео.



Спонзорирани линкови

Маркетинг