Се бараат поголеми ингеренции за Агенцијата на заедниците под 20 отсто

Макфакс

14/09/2017

11:26

111

Големина на фонт

а а а

Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците и оствари протоколарана средба со директорите Илхан Рахман и Џелал Хоџиќ.

На средбата првенствено се дискутираше за состојбата на заедниците кои се под 20 отсто, нивната правична застапеност во админстрацијата, образованието на мајчин јазик и промовирање на нивната култура. Директорот Рахман зборуваше за позицијата и улогата на АОПЗ, како и потребата од измени на законот со кој ќе се зголемат нејзините ингеренции. Хоџиќ го информираше амбасадорот Тимоние за идните планови на Агенцијата, како и очекувањата што поскоро да се обнови соработката со ОБСЕ.

На состанокот се зборуваше и за потребата да се зајакнат капацитетите на невладините организации кои работат на прашања од областите на остварување на правата на заедниците под 20 отсто. На состанокот се договори редовна соработка и координација помеѓу Агенцијата и амбасадата на Франција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг