Владата денеска ќе најави нови мерки за економијата

Макфакс

14/09/2017

11:18

218

Големина на фонт

а а а

Сетот мерки, како што вчера најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, содржи три главни столба и ќе бидат подеднакво наменети за домашните и странските инвестиции.

Главен критериум за добивање помош од државата ќе биде резултатот од работењето, односно ќе бидат помогнати оние компании кои се подготвени да испорачаат раст на приходот во текот на тековната година.

Првиот столб на поддршка ќе биде гринфилд и браунфилд инвестиции, во ТИРЗ или надвор од нив, вториот столб ќе биде наменет за поддршка на извозот, а третиот ќе биде специјализиран за мали и средни претпријатија.

По објавувањето на мерките ќе биде отворена дискусија со стопанските комори, финансиски институции, МАНУ, универзитетите и сите оние кои сметаат дека можат да дадат придонес.

Вицепремиерот посочи дека основно е дека мерките се наменети за оние компании кои можат да испорачаат раст и прогрес на Македонија, односно дека резултатот од работењето на компаниите ќе биде основен критериум за добивање помош од државата.

„Сите оние компании кои се подготвени да испорачаат раст на својот приход во текот на тековната година ќе бидат финансирани и поддржани од државата во текот на наредната година во облик на поврат на одредени средства, но тие средства нема да бидат враќани во дискрециско право на преговарање, туку средствата ќе бидат враќани исклучиво во одредени критериуми и подеднакви за кој било инвеститор дали е гринфилд инвестиција или станува збор за постојни економски капацитети“, рече Анѓушев.



Спонозорирани линкови

Маркетинг