Клоп објасни зошто влезе во „војна“ со целата клупа на Севиља

Дерби

14/09/2017

10:26

437

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп никако не можеше да биде задоволен од конечниот епилог на мечот меѓу Ливерпул и Севиља кој се одигра во рамките од првото коло во групната фаза во Лигата на шампионите (2:2), а покрај разочарувањето за премалата награда која ја доби неговиот тим за прикажаното на теренот, имаше дополнителни нервози крај аут линијата во голем дел од мечот.

Клоп влезе во „војна“ со целата клупа на Севиља некаде на средината на второто полувреме, а по крајот на мечот, Германецот се обиде да објасни зошто бил толку лут на крајот од мечот кога имаше што да им каже на помошниците на Берицо.

Тренерот на Севиља доби исклучување поради тоа што спречи играч на Ливерпрул брзо да изведе еден аут, а Клоп по средбата обелодени дека сите во противничиот табор сфатиле дека Берицо добил исклучување поради неговите протести.

– Тренерот на Севиља не беше проблем за мене. Не верувам дека јас имав било какво влијание на одлуката на судијата. Јас не барав исклучување, само се побунив за тоа што го направи. Луѓето на нивната клупа постојано ме обвинуваа дека јас сум виновен за неговото исклучување и тоа воопшто не ми се допадна. Затоа изреагирав така, – објаснува Клоп.



Спонозорирани линкови

Маркетинг