Жозе Мурињо: Го сакаме Ибра во екипата

Точка

14/09/2017

11:07

227

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ минатата сезона претрпи сериозна повреда поради која многумина мислеа дека дури и неговата кариера е завршена.

Сепак, Швеѓанецот се опоравува со огромна брзина, а за тоа е свесен и Жозе Мурињо кој што сепак му предлага на Ибра да забави малку со напорните тренинзи кои што ги извршува во рамките на неговата рехабилитација.

„Мислам дека ни е потребен. Ќе го чекаме со многу трпение. И тој мора да биде трпелив. Не треба да биде толку емотивен и да се обидува да прави лудости за што побрзо да се опорави“, изјави Жозе Мурињо и додаде:

„Знам дека негова желба е што поскоро да се врати на терените. Поради тоа сакам тој да биде смирен и работите да ги прави чекор по чекор. Го сакаме во екипата, но го сакаме во најдобра форма“, изјави Жозе Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг