Сноуден ги нападна американските тајни служби: Тие се поопасни од тероризмот!

Точка

14/09/2017

13:17

1.694

Големина на фонт

а а а

Разузнавачките служби ги користат терористичките организации во своја корист, посебно кога станува збор за масовниот надзор на населението, тврди најпознатиот „свиркач“ на светот, Едвард Сноуден.

Тој верува дека тероризмот претставува многу помала опасност во однос на некои други прашања, па дури и терористички напади како оној на 11-ти септември 2001-ва година да се појавуваат секоја година.

Во ексклузивното интервју за германски „Шпигл“, поранешниот агент на американската тајна служба „НСА“ истакна дека тероризмот иако е вистински проблем, сепак тој служби како идеален пример за се поголемо наметнуање на страв, нагласувајќи дека разузнавачката заедница тоа го искористила за да спроведе една нова динамика на масовен надзор.


Сноуден смета дека ние треба да се бориме со стравот и да научиме да го претвораме во енергија која што ќе ни помогне да изградиме подобро општество, а не за тероризирање и слабеењена постоечкото општество. Познатиот „свиркач“ додаде: „Немаме докази дека програмите за масовен надзор ги сопираат терористичките напади“.

На прашањето да даде коментар дали е изненаден од тоа што германската тајна служба ги надгледувала „пријателите“ како што е израелскиот премиер Нетанјаху или американски државјани и институции, Сноуден изјави дека не само што не е изненаден, туку е разочаран. Тој додаде дека „сите влади сакаат да имаат се поголема моќ кога е во прашање економската шпионажа, дипломатската манипулација и политичкото влијание“.


Сноуден живее во Русија од 2013-та година откако откри податоци на НСА со илјадници тајни информации поврзани со масовен надзор на граѓаните на САД. Тој не е во можност да ја напушти Русија затоа што лесно би можел да биде екстрадиран во САД и да заврши во затвор поради шпионажа.

Запрашан од страна на новинарите на „Шпигел“ дали целата негова акција вредела, Сноуден изјави дека сето тоа вредело и додаде дека се надева дека еден ден ќе се врати во Соединетите Американски Држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг