Нов напад во Франција: Извикувал „Алаху Акбар“ и повредил седум лица

Точка

14/09/2017

09:40

1.604

Големина на фонт

а а а

Според последните информации кои што ги пренесуваат француските медиуми, наводно станува збор за човек со психички проблеми кој што најпрвин повредил четворица случајни минувачи.

Откако полицајците пристигнале да интервенираат, лицето при апсењето пружило отпор, извикувало „Алаху Акбар“ и повредило уште тројца полицајци.

Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден. 42-годишен маж кој што наводно пати од психички пореметувања, најпрвин ги нападнал случајните минувачи, а кога тоа го забележале полицајците кои што биле во близина, тие интервенирале, при што тројца полицајци биле повредени при неговото апсење.


Мажот не бил вооружен, меѓутоа цело време извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем на Арапски).

Еден од очевидците за француските медиуми подоцна изјавил: „Разговаравме на улицата, а тој започна да не удира. Првин го удри мојот син, а потоа и мојата ќерка. Веднаш побегнавме“.


Полицијата го привела напаѓачот, а две лица кои што имале посериозни повреди завршиле во болницата во Тулуз, додека полицајците добиле медицинска помош од противпожарна служба која што се нашла на местото на нападот.

Како што пренесуваат француските медиуми, се шпекулира дека 42-годишниот маж бил пуштен од психијатриска клиника во април оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг