Нападнати и повредени седум пешаци во Тулуз

Макфакс

14/09/2017

00:31

336

Големина на фонт

а а а

Седум лица се повредени во напад во Тулуз, Франција, од напаѓач кој наводно извикувал „Алах екбер“. Според француските медиуми, напаѓачот, во своите 40-ти години, ги напаѓал физички пешаците. Полицајците веднаш биле информирани од минувачите по што напаѓачот веднаш бил совладан.

„Разговаравме кога тој се нафрли на нас. Првин го фати мојот син, а потоа ја тепаше мојата ќерка. Трчавме“, извести еден од нападнатите за локалните медиуми.



Спонозорирани линкови

Маркетинг